Владата на денешната 195 седница, на предлог на Управувачки комитет во состав на министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за здравство Сашо Клековски, министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Ангелов, како и надворешните членови министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, директорот на СОЗР Ивица Томовски, директорот на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, директорот на АХВ Оливер Миланов, директор на Инспекторат за животна средина Ивана Гиновска и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски донесе одлука за прогласување на кризна состојба во Општина Гостивар во рок од 30 дена.
„Со оглед дека локалната самоуправа не може да се справи со настаната состојба во Општина Гостивар, Владата донесе ваква одлука за прогласување на кризна состојба се со цел побрза координација на институциите како и ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување на вода за пиење во најкраток можен рок.
Здравјето на граѓаните на Општина Гостивар останува фокус на Владата и посветени сме кон целосно решавање на овој проблем.
Дополнително, очекуваме ЈО да спроведе детална истрага и да го расчисти случајот, одговорност мора да има за секој еден што го ставил во ризик здравјето и животите на гостиварчани.
Воедно, Владата на денешната седница, на предлог на министерот за здравство, го именува Златко Перински за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.
Перински е магистер по менаџмент на човечки ресурси. Во својата професионална кариера ја извршуваше функцијата министер за локална самоуправа, генерален директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, како и управител на СЦ „Борис Трајковски““, велат од Владата.
- Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
- Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
- Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
- Земјотрес ја погоди Србија
- Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
- Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
- Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
- Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени

