Владата го опструира вакцинирањето во Белград - ни стигаат вакцини нема што да одите во Србија

Денеска до пладне МВР издавало дозволи за движење, затоа што што голем број македонски граѓани за утре и задутре наутро имаат закажано вакцинација во Белград. За нив е невозможно е да стигнат точно на време доколку не ја напуштат земјава за време на полицискиот час, односно во периодот од 22 часот до 5 часот.

Сепак попладнето Владата одлучи дека вакви дозволи не треба да се издаваат и полицијата извести дека граѓаните кои викендов ќе одат на вакцинација во Србија, не смеат да тргнат на пат за време на полицискиот час, бидејќи дозволите за движење нема да важат, пренесува А1он.

Сепак, последната владина одлука најверојатно нема да ги премисли граѓаните да заминат во Србија, со оглед на тоа што од српските здравствени власти стигна информација дека терминот за вакцинација може да се помести, дека може да се вакцинираат и лица кои воопшто немале закажано термин, па оттаму не е важно во кој дел од денот ќе пристигнат.

Српските медиуми веќе јавуваат дека пред белградскиот саем е преполно со возила со македонски и босански регистарски таблички. Оние што викендов ќе одат во Србија, ќе се вакцинираат со британската вакцина на Оксфорд, „АстраЗенека“. Ревакцината ќе биде после 3 месеци.

Во Македонија сè уште не е започната масовната вакцинација на населението ниту пак се знае точен датум кога ќе пристигнат вакцините и ќе почне имунизацијата. Досега вакцинирани се само дел од медицинските лица со вакцините на „Фајзер“ донација од Србија и  3.000 на „Спутник“ купени од Русија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2021 - 21:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега