Close Menu
Press24
    Најново

    Семејна драма: Синот си го натепал сопствениот татко – интервенирала полицијата

    10.02.2026 во 17:16

    Филипче: Безобразно – немале пари за плати, а за авион имаат

    10.02.2026 во 17:14

    Владина делегација на средби во УНЕСКО: Потврдена определбата на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион

    10.02.2026 во 16:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Семејна драма: Синот си го натепал сопствениот татко – интервенирала полицијата
    • Филипче: Безобразно – немале пари за плати, а за авион имаат
    • Владина делегација на средби во УНЕСКО: Потврдена определбата на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион
    • (ВИДЕО) Мицкоски и Тошковски на местото на заплената на 40-те тони марихуана
    • Хороскопот открива: Што навистина сакаат знаците за подарок – од луксуз за Лавот до егзотика за Стрелецот
    • Кавадарчанец пријавил пукање во неговиот дом: Пронајдени дијаболи на терасата и оштетен ѕид
    • Шокантно вештачење за „Онкологија“: Хемотерапија пред смрт им го скратувала животот на пациентите
    • Филипче: СДСМ ќе побара намалување на цените на патарините
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Влада: Усвоена информација за склучување на договор за соработка помеѓу Железници инфраструктура и Јавното тело на Министерството за транспорт на Владата на Обединетото Кралство Кросрејл Интернешнал Лимитед

    Влада: Усвоена информација за склучување на договор за соработка помеѓу Железници инфраструктура и Јавното тело на Министерството за транспорт на Владата на Обединетото Кралство Кросрејл Интернешнал Лимитед

    23.09.2025 во 16:22
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Владата на денешната 114 редовна седница ја разгледа и усвои информацијата за склучување на договор за соработка помеѓу Јавното претпријатие за железничка инфраструктура- Скопје и Јавното тело на Министерството за транспорт на Владата на Обединетото Кралство Кросрејл Интернешнал Лимитед (Crossrail International Limited (CI)). 

    Со овој Договор за соработка се воспоставува рамка со која страните ја потврдуваат својата подготвеност и посветеност да соработуваат преку споделување на експертиза, искуства, добра практика и научени поуки во поддршката на проектите на ЈП ЖРСМ Инфраструктура- Скопје, со посебен акцент на брзата железница, како и товарен железнички сообраќај, сигнални и контролни системи, надградба на инфраструктурата, депоата и железничкиот возен парк. Договорот за соработка е во важност од 5 години со можност за продолжување од дополнителни пет години. Овој Договор произлегува од досега воспоставената соработка помеѓу македонската Влада и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, во врска со партнерството за реализација на приоритетни инфраструктурни проекти.

    Дополнително, Владата на денешната седница ја разгледа информацијата за потребата од субвенционирање на филтри на оџаци на домаќинствата и ја задолжи Канцеларијата на Претседателот на Владата во следниот период да подготви детална анализа која ќе ги предвиди условите, времетраењето и процедурата за објавување на оглас за субвенции на филтри за оџаци на домаќинствата кои користат греење со фосилни горива односно дрва.

    Популарно

    Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – подгответе се за летно сметање на времето

    10.02.2026 во 11:12

    Полицијата најави строги контроли – еве што ќе се проверува

    10.02.2026 во 13:58

    Раст на пазарот на недвижности: Продадени над 1.000 нови станови, цените во Центар достигнаа рекордни висини

    10.02.2026 во 10:46

    Шокантно вештачење за „Онкологија“: Хемотерапија пред смрт им го скратувала животот на пациентите

    10.02.2026 во 15:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.