Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Влада со демант: Договорот за вода за Гостивар е преку тендер, СДСМ манипулира со јавноста

    Влада со демант: Договорот за вода за Гостивар е преку тендер, СДСМ манипулира со јавноста

    05.08.2026 во 11:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата денеска ги демантираше тврдењата на СДСМ дека договорот со компанијата „Кожувчанка“ за набавка на вода за пиење за граѓаните на Гостивар бил склучен со директно договарање, без јавен оглас.

    Од Владата велат дека станува збор за, како што наведуваат, „манипулации и дезинформации“, посочувајќи дека постапката со преговарање ја спровела Службата за општи и заеднички работи, а договорот преку тендер го добила компанијата „Кожувчанка“.

    „Во отсуство на реални теми и аргументи, СДС повторно се служи со лаги и искривување на фактите, надевајќи се дека ќе ја доведе јавноста во заблуда“, наведуваат од Владата.

    Од Владата повторуваат дека ќе продолжат да обезбедуваат безбедна вода за пиење за жителите на Гостивар сè додека надлежните институции официјално не потврдат дека водата од водоводниот систем е исправна за употреба.

    Во однос на набавката на флаширана вода, Владата појаснува дека постапката ја спровела Службата за општи и заеднички работи, а водата им се обезбедува бесплатно на граѓаните. Од таму додаваат дека шише вода од 1,5 литри, кое во малопродажба чини најмалку 25 денари, е набавено по цена од 12,5 денари.

    Според Владата, пониската цена е резултат на тоа што компанијата „Кожувчанка“ учествувала со сопствен придонес со цел да се помогне на граѓаните и институциите во услови на кризна состојба.

    Претходно, СДСМ обвини дека Владата преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода во вредност од 100.000 евра без јавен оглас. Опозициската партија побара одговорност и посочи дека договорот бил склучен со „Кожувчанка“.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.