Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Го запреле на Табановце – Кога виделе што има во возилото веднаш го уапсиле
    • Подгответе се за продолжен викенд – УХМР со временска најава за трите дена одмор
    • СДСМ: Владата повторно се задолжува
    • И тоа го има во Македонија: Внук го истепал дедото поради недоразбирање во сообраќајот
    • Скопјанец нападнат на улица среде бел ден
    • Малолетно момче преживеало хорор во Центар
    • ФОТО: Марија најдена шест години по исчезнувањето – Замотана во ќебе лежела до познато туристичко место
    • Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Влада: Работодавците ќе добијат до 250.000 денари за ново вработено лице

    Влада: Работодавците ќе добијат до 250.000 денари за ново вработено лице

    17.07.2026 во 09:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Отворање нови работни места, намалување на невработеноста, подобрување на животниот стандард и креирање подобра бизнис клима за стопанството се едни од главните државни приоритети,наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

    -Во оваа насока на подобрување на животот на македонските граѓани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи веќе две години по ред и политиките кои ги спроведува даваат резултати. Со цел да се поддржат и помогнат македонските фирми да се прошират и развијат преку отворање нови работни места, во тек е јавниот повик за „Поддршка за креирање на нови работни места од Оперативниот план за вработување 2026, велат од партијата.

    „Вработување и раст на правни субјекти“ е прва мерка од овој повик преку која финансиски ќе се поддржат компании за вработување на вкупно 1385 лица со по 160.000 до 250.000 денари од работно место со вкупен буџет од 332.650.000 денари или околу 5,4 милиони евра.

    Додека првиот повик за Самовработување од Оперативниот план беше насочен кон лица кои сакаат да отворат сопствен бизнис, овој јавен повик е насочен кон микро, мали и средните претпријатија кои сакаат да ги прошират бизнисите со отворање нови работни места, а неповратни финансиски средства можат да добијат за вработување на најмногу 5 лица.

    Паричните средства варираат согласно категоријата, каде што најголем износ се доделува за вработување на млади до 29 години, и тоа 250.000 денари по лице, за лица корисници на гарантирана минимална помош, Роми, лица со попреченост, жени, долгорочно невработени лица и за жени Ромки со завршено средно или високо образование, висината на грантот изнесува 220.000 денари, додека за невработени над 29 години 160.000 денари по лице.

    -Со оваа мерка се таргетираат и македонските повратници, така што за секое вработено лице повратник, во зависност од дефинираните износи на соодветна категорија на невработени лица, на работодавачот му се исплаќаат дополнителни 10% од вкупниот износ на одобрени средства. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со ваквите мерки, креира еднакви можности професионален и кариерен развој за сите македонски граѓани од сите возрасти и категории и создава поволна бизнис клима за раст и развој на македонската економија, стои во соопштението до јавноста.

    Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Го запреле на Табановце – Кога виделе што има во возилото веднаш го уапсиле

    08.10.2026 во 09:47

    Подгответе се за продолжен викенд – УХМР со временска најава за трите дена одмор

    08.10.2026 во 09:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.