Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вкрстено испрашување на градежните вештаци – Продолжува судењето за трагедијата во „Пулс“

    Вкрстено испрашување на градежните вештаци – Продолжува судењето за трагедијата во „Пулс“

    01.09.2026 во 07:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во судницата во Идризово денеска продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, трагедија во која животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

    Пред Основниот кривичен суд Скопје продолжува доказната постапка, а на денешното рочиште одбраната треба да продолжи со вкрстено испрашување на тимот градежни вештаци кои го подготвија вештачењето за потребите на Обвинителството.

    На претходното рочиште, вештачкиот тим предводен од судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, повеќе од четири часа одговараше на прашањата на одбраната. Марковски во периодот кога било изработувано вештачењето ја извршувал и функцијата декан на Градежниот факултет.

    Прашањата на одбраната се однесуваа на повеќе аспекти поврзани со објектот – неговата пренамена за угостителска дејност, усогласеноста со Деталниот урбанистички план и важечките правилници, изведените градежни работи, како и постапките за добивање лиценци за работа.

    Вештаците одговараа и за надлежностите во однос на стручниот надзор, како и за обврските и постапувањето на градежните инспектори.

    Во предметот обвинети се сопственикот на објектот Гроздан Милковски и општинските градежни инспектори Огњен Георгиев и Николчо Коцев.

    Со предметот раководи судијката Дијана Груевска-Илиевска, додека обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

    Откако ќе заврши изведувањето на градежното вештачење и ќе бидат сослушани вештите лица, се очекува да биде заокружен делот од доказната постапка предложен од Обвинителството. Потоа, одбраната треба да започне со изведување на своите докази.

    Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна на 16 март 2025 година, за време на концертот на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, што го прави настанот една од најтешките трагедии во поновата историја на Северна Македонија.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.