Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче само ја замајува јавноста

    05.03.2026 во 23:13

    ФОТО: Првите македонски државјани слетаа во Скопје

    05.03.2026 во 22:46

    Филипче: Владата ќе избере обвинител само ако биде слепо послушен

    05.03.2026 во 22:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче само ја замајува јавноста
    • ФОТО: Првите македонски државјани слетаа во Скопје
    • Филипче: Владата ќе избере обвинител само ако биде слепо послушен
    • Филипче: Му кажа ли Мицкоски на Руте дека ќе го врати името?
    • Филипче: НАТО членството е најсилниот штит за Македонија – резултат на политиките на СДСМ
    • Делови од Центар и Карпош утре ќе бидат без електрична енергија
    • Финска го укинува нуклеарното табу: Атомско оружје како штит од руската закана
    • Трамп: Куба ќе падне
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вистински хаос со ваучерите за електронски уреди: Државата им даде, па им ги поништи ваучерите на постдипломците

    Вистински хаос со ваучерите за електронски уреди: Државата им даде, па им ги поништи ваучерите на постдипломците

    19.11.2025 во 20:36Updated:19.11.2025 во 20:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Вистински хаос се случува со ваучерите за електонски уреди коишто власта им ги вети на студентите од првиот циклус на студии. Аплицирањето започна во понеделникот, кога практично беше и отворен и повикот за аплицирање.

    Но, поради големиот наплив на студенти Националниот портал за е-услуги, падна неколку часа по отворањето на повикот. Од Министерството за дигитална трансформација тогаш изјавија дека се покренува дополнителна инфраструктура за да се подели оптоварувањето и да може да се опслужат повеќе апликации.

    -Напоменуваме дека не се работи за проблем во софтверската апликација, туку за капацитет за опслужување на големиот обем на апликации, соопштија од ресорното министерство во понеделникот.

    Но и два дена по отворањето на повикот, се уште дел од студентите имаат потешкотии да се најават и да го добијат ваучерот што им следува.

    Според Законот, пари може да добие секој студент на прв циклус студии што не е постар од 29 години, без разлика дали е запишан вонредно или редовно. Ваучерот може да го искористи до крајот на годината во точно утврдени продавници за електроника, објавени на сајтот заедно со повикот.

    Меѓутоа, во овие два дена дел од студенти на мастер студии си ја пробале среќата да аплицираат за ваучер и им успеало. Голем дел од студенти за Пресс24 потврдија дека добиле потврда за ваучер и си подигнале електронски уред. Но, откако веста дека и на многу постдипломци им успеало да добијат ваучер брзо се прошири, властите спроведоа дополнителни мерки.

    Попладнево на студентите кои се на мастер студии, a претходно добиле потврда дека имаат добиено ваучер од 250 евра, им пристигна мејл од noreply@info.uslugi.gov.mk дека не се во можност да ги користат ваучерите во продавница.

    Ваквиот е-мејл ги разлути студентите. Незадоволството го изразија и на социјалните мрежи. Ова создаде ситуација во која е непознато што ќе се случи со студентите кои веќе земале уред со одобрениот ваучер. Магистрантите реагираат дека се чувствуваат дискриминирано.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син

    04.03.2026 во 23:58

    Избегната еколошка хаварија во Македонија: 10 години се чувале 10 тони „темпирана бомба“ – опасен хемиски отпад среде Скопје

    05.03.2026 во 14:04

    Кој ќе го купи Аудито на Мерко – Почетна цена од 21.800€

    05.03.2026 во 10:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.