Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Жестоки протести во Мексико: Полицијата го извлече подебелиот крај

    (ВИДЕО) Жестоки протести во Мексико: Полицијата го извлече подебелиот крај

    16.11.2025 во 12:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во главниот град на Мексико вчера се одржаа жестоки протести што се организираа преку социјалните мрежи, против сѐ повисоката стапка на криминал, корупција и неказнивост, како и против владата на претседателката Клаудија Шајнбаум. Најмалку 120 луѓе се повредини во насилствата, голем дел од нив, дури 100 се полицајци, пренесе Би-Би-Си.

    Демонстрантите демонтираа делови од бариерата што ја штитеше Националната палата, резиденцијата на претседателката Шајнбаум, а полицијата што го обезбедуваше комплексот употреби солзавец против собраните.

    Шефот на безбедноста на Мексико Сити, Пабло Васкес, изјави за новинарите дека 20 лица биле уапсени за време на протестите, поради кривични дела како што се грабежи и напади.
    Шајнбаум изјави дека протестите, кои се одржале и во други градови, биле финансирани од десничарски политичари кои ѝ се спротивставуваат на нејзината влада.
    Протестите беа организирани како последица на убиствата на јавни личности, меѓу кои и атентатот врз градоначалникот на Уруапан, Карлос Мансо, кој само неколку недели претходно повикуваше на поостри акции против нарко-картелите.
    Демонстрантите носеа транспаренти со пораки како „Сите сме ние Карлос Мансо“, а други пак се појавија со каубојски шешири, оддавајќи почит на градоначалникот на Уруапан, кој беше застрелан на 1 ноември за време на одбележувањето на Денот на мртвите.
    Мансо беше познат по тоа што отворено зборуваше за бандите што се занимаваат со трговија со дрога во неговиот град и бараше строги мерки против членовите на вооружените картели кои ја тероризираат земјата.

    Прочитај повеќе

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Земјотрес ја погоди Србија

    29.10.2026 во 22:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.