Close Menu
Press24
    Најново

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Трипуновски: За Љупчо Николовски има сериозни сомнежи за сторен криминал

    (ВИДЕО) Трипуновски: За Љупчо Николовски има сериозни сомнежи за сторен криминал

    12.11.2025 во 20:493 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Креаторот на сите проблеми и коруптивни дејанија во времето додека беа на власт, не можат да бидат дел од решенијата кои што ги нудат“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија.

    Министерот Трипуновски изјави дека има процесуирано постапки до ОЈО за незаконското работење на Љупчо Николовски, но нема никаква реакција.

    „Гледам дека во изминатите денови е многу гласен во јавноста и се обидува да манипулира. Сакам да кажам дека станува збор за можеби за најкриминогениот министер во минатото. Ова, го говорам затоа што јас како министер по влегувањето во Министерството преземав низа на активности за проверка на неговото работење“, посочи тој.

    „Јас имам поведено неколку постапки до Јавното обвинителство кои што повеќе од година дена не се процесуирани. Значи станува збор за постапки за сериозни злоупотреби на буџетски средства итн“, додаде министерот Трипуновски.

    Тој го повика Јавното обвинителство да презеде активности и да ги испитаат случаите.

    „Овие поднесени документи и пријави не се единствени, изминатиот период фокусирани во работата на Министерството, враќање на довребата кон институциите, кон земјоделците, рабитевме и на дополнителни проверки. Овој министер кој што сега се обидува да се појави како спасител, во минатото ја заобиколил Платежната агенција како тело за спроведувач на програмите кои што ги носи Министерството и формирал тричлена комисија надвор од процедурите и поделил грантови по 10.000 евра за т.н. мали семејни винарии, се работи за над 800.000 евра буџетски средства“, посочи министерот Трипуновски.

    Тој додаде дека во процесот на делење на тие грантови бил и претседателот на партиската комисија за земјоделство, кој што по доаѓање на новата Влада даде отказ.

    „И ова како предмет, кој што е во завршна фаза ќе биде доставен до Јавното обвинителство“, најави министерот.

    „За министерот кој што се јавува како спасител, за него имаме уште еден предмет, а тоа е злоупотребата на партиски вработувања и унапредувања во Министерството на лица кои што без согласност на Министерството за финансии и запазенаа процедура ги унапредувал и има штета по буџетот“, додаде тој при своеото гостување.

    Министерот Трипуновски додаде дека истиот тој министер кој што деновиве се појавува на прес конференции ја нема раздолжено техничката опрема која што ја има задолжено во Министерството.

    Трипуновски истакна уште еден пример, имено по склучениот договор со KfW Банка за кредит од 80 милиони евра за инвестиции во водостопанството, за не преземање на активности во рок од 5 години, државата исплатила 2,2 милиони евра по основ на камати.

    „Тој министер кој што преспал и не преземал активности го оштетил буџетот“, рече тој.

    Прочитај повеќе

    Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“

    20.10.2026 во 23:46

    Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула

    20.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.