Таткото на 35-годишната Марија Маринковска, чие тело неодамна беше ексхумирано по сомнежите за убиство, тврди дека семејството претходно пријавувало во полиција дека осомничениот Т.Б. ја прогонувал. Зоран Маринковски во изјава за Радио Бум открива дека неговата ќерка дури и лично се пожалила кај полицајците во Старо Нагоричане дека Т.Б. ѝ додева и ја следи.

„По пријавата, полицајците отишле кај него, но тој избегал и не бил дома“, раскажува таткото, кој претходно бил одбиен од кумановската полиција со образложение дека жртвата мора сама да пријави во локалната станица.

Марија била пронајдена мртва во својот дом, а првичните информации укажувале на природна смрт. Таткото се сомнева дека убиецот ја задушил со јамболија.

„Во последниот телефонски разговор со братот, Марија му рекла дека некој ѝ тропа на вратата и дека се плаши“, вели Зоран. Иако лекарите и полицијата првично не забележале ништо сомнително, обдукцијата по ексхумацијата извршена 40 дена по погребот, потврди дека станува збор за насилна смрт.

Exit mobile version