Денот го започнавме со билатерална средба со Борјана Кришто којашто е претседавач на Советот на министри на Босна и Херцеговина, а потоа го продолживме со многу билатерални средби со мултинационални компании коишто навистина значат многу во делот на бизнисот во светот, информираше премиерот на ФБ, Христијан Мицкоски.
Имавме и успешен панел на кој зборував за проекти коишто за нас се значајни , проекти коишто опфаќаат производство на електрична енергија, подобрување на преносните капацитети на интерконекторите коишто пренесуваат електрична енергија и гас.
Денес за првпат на панелот ги прзентирав за нас клучните проекти, а тоа се Бошков Мост и Чебрен и Галиште. Убеден сум дека истите привлекоа големо внимание кај голем број инвеститори, дополни премиерот.

