ВИДЕО: Потоп по улиците - силно невреме го зафати регионот, на некои места наврнало повеќе отколку во цел месец

Силен дожд ги зафатил хрватските градови Каштела, Солин, Сплит и дел од Подстрана. Како што објавуваат локалните медиуми, 45 литри дожд на метар квадратен наврнале, а улиците биле поплавени.

Западно од Сплит, за помалку од 30 минути наврнале 33 литри дожд, 28 во Каштела и 23 во Солин.

Најлоша ситуација била во Блатин, каде што нивото на водата достигна половина метар.

28.08.2021 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа