Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на Латвија, поздравени спроведените реформи

 

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на Република Латвија Едгарс Ринкевичс на маргините на Самитот на НАТО во Хаг, на којашто искажаа задоволство од развојот на билатералните односи.

Тие нагласија дека двете држави пред речиси три децении воспоставија дипломатски односи коишто се карактеризираат со отворен, интензивен политички дијалог.

Претседателот Ринкевичс ѝ упати покана на Сиљановска-Давкова и официјално да ја посети Латвија.

25.06.2025 - 18:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега