ВИДЕО: „Ова е вистинска апокалипса“ - земјотрес ја стресе водителката додека водеше емисија

Австралиската водителка и новинарка Грејс Еванс имала поприлично непријатно искуство додека известувала за силниот земјотрес кој го погоди подрачјето во близина на Мелбурн.

Токму во моментот кога го изговарала зборот „земјотрес“, во студиото дошло до прекин на електричната енергија.

„Ох Боже мој! Уплашена сум, ова е вистинска апокалипса. Не можам, ќе заплачам“, било сѐ штo успеала да изговори видно потресената водителка.

Подоцна ја раскажала ситуацијата на Твитер и го објавила видеото од случката.

„Можам да потврдам дека токму во тој момент помислив дека пристигна апокалипсата. Имаше прекин на електрична енергија баш во моментот додека го изговарав зборот „земјотрес“. 2021 година е премногу“, напишала Еванс.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на руралниот град Менсфилд, околу 200 километри североисточно од Мелбурн, на длабочина од 10 километри.

23.09.2021 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега