Раководството на сметководственото биро Левица го покажа вистинското лице, над 2 милиони денари ставиле во сопствениот џеб, истакна на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Апасиев, Мојсоска, Мециновиќ, Крмов и Исмаил, кои како главни ликови од Левица, додека продаваат некаква скромност и неподмитливост во јавноста, си инкасирале во своите џебови над 2 милиони денари од Левица, рече Манасиевски.

„Президиумот на Левица, односно луѓето кои се пратеници во македонското собрание, водат кампања против своите колеги за добивање законски средства на патни трошоци, а истите од својата партија си повлекуваат слични суми кои се налик на патни трошоци, во вредност над 2 милиони денари.

Дали Левица е политичка партија или сметководствено биро? Дали средствата кои ги добивале раководството на Левица, ги добивале затоа што се сметководители или затоа што земале партиски патни трошоци?, прашува Манасиевски.

Манасиевски рече дека вистинскиот проблем е што тие се претставуваат како скромни, неподмитливи и народни. Не е проблемот во тоа што земаат средства од својата политичка партија, проблемот е што се дволични. Пред камерите едно, зад нив друго.

„Лажното претставување на раководството на Левица е демаскирано. Левица се прочитани“, нагласи Манасиевски.

Leave A Reply

Exit mobile version