Close Menu
Press24
    Најново

    Италија воведува црвен аларм за сите 27 поголеми градови поради екстремниот топлотен бран

    04.08.2026 во 23:46

    СЗО бара итна меѓународна помош: Епидемијата на ебола во Конго излегува од контрола

    04.08.2026 во 23:26

    По три дена борба со огнот: Целосно изгаснат пожарот во кавадаречкото село Раец

    04.08.2026 во 23:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Италија воведува црвен аларм за сите 27 поголеми градови поради екстремниот топлотен бран
    • СЗО бара итна меѓународна помош: Епидемијата на ебола во Конго излегува од контрола
    • По три дена борба со огнот: Целосно изгаснат пожарот во кавадаречкото село Раец
    • Полицаец камуфлиран како грмушка за шест часа казни 74 возачи
    • На Инфективна се лекуваат 10 пациенти со Западнонилска треска, тројца се во критична состојба
    • Фатен со речиси 400 таблети дрога: СВР Куманово поднесе кривична пријава против 30-годишник
    • Немал возачка а имал нерегистрирано возило па си го возел: Скопјанец заврши во полициска станица и остана без „мерцедес“
    • Скопјанец ја тепал мајка си, стружанец татко си – полицијата ги приведе
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Кузеска: Да не го пропуштиме последниот воз за ЕУ – нудиме заедничко споделување на одговорноста за малцинствата во Уставот

    (ВИДЕО) Кузеска: Да не го пропуштиме последниот воз за ЕУ – нудиме заедничко споделување на одговорноста за малцинствата во Уставот

    22.05.2026 во 11:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција порача дека Македонија се наоѓа пред многу важен момент за нејзината иднина во период кога Европската Унија повторно го отвори процесот на проширување како врвен геостратешки приоритет.

    Таа предупреди дека земјите од регионот како Црна Гора и Албанија веќе бележат сериозен напредок и нагласи дека доколку ја пропуштиме оваа шанса за членство во ЕУ, ризикуваме да станеме слепо црево на Балканот.

    „Доколку не се качиме на овој европски воз сега, можно е вратите да бидат затворени со децении. Ако останеме надвор од процесот, нема да бидеме дел од новите европски буџетски рамки, нема да имаме пристап до развојни фондови и ќе продолжиме да тонеме во сиромаштија и неизвесност“, изјави Кузеска.

    Според партискиот став, најголемата цена на изолацијата, корупцијата и партизираните институции на крајот ќе ја платат токму помладите генерации со најнизок животен стандард во Европа.

    Поради овие причини, од СДСМ испратија директен апел до премиерот за изнаоѓање заеднички јазик околу стратешките прашања.

    „Затоа претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче го повика Христијан Мицкоски на државничка одговорност. Заеднички да ги изгласаме уставните измени. Подготвени сме целосно да ја споделиме одговорноста за овој процес, како што тоа го правеле сите политички партии во државите што успешно преговарале и станале членки на Европската Унија“, децидна е Кузеска.

    Од опозицијата уверуваат дека преговорите се водат директно со Брисел и дека македонскиот идентитет, јазик и култура се заштитени и во ниту еден случај не се загрозени со овој чекор.

    Исто така, Кузеска упати критика во однос на користењето на меѓународните предлози како блокада за понатамошните чекори на државата.

    „Мицкоски да не го користи нон-пејперот на Мерц како дополнително алиби и изговор да не се направат следните чекори, кои што како што сите укажуваат, не може да бидат променети. Мерц не вели дека реформите не се потребни – напротив, овој предлог е само порака која треба да ги мотивира земјите кандидати да работат побрзо и поефикасно“, појасни таа.

    На крајот, од СДСМ јасно се дистанцираа од какви било предлози кои би понудиле нецелосно интегрирање во ЕУ.

    „СДСМ не се согласува со предлогот за придружено членство без полноправно членство во Европската Унија. Ние бараме целосно членство во Европската Унија. Да ги внесеме малцинствата во уставот, да ги изгласаме уставните измени, за иднината на младите и иднината на државата. Малцинства во Уставот сега. Европа сега!“, стои во интегралниот говор.

    Прочитај повеќе

    Николоски: Секогаш сме спремни за избори

    04.08.2026 во 19:56

    Николоски се сретна со Варнс: Инфраструктурните проекти и економската соработка во фокусот на разговорите

    04.08.2026 во 18:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.