(ВИДЕО) Ја немаше 4 години: Рисицата Атиџе повторно снимена на Маврово
МЕД објави видео во кое се гледа дека рисицата Атиџе сè уште талка во шумите на Националниот парк „Маврово“. Регистрирањето на рисицата Атиџе доаѓа четири години откако таа беше заловена и обележана со околувратник.
Од МЕД велат дека видеото е ретка можност на која „рисаџиите“ може да засведочат.
Претходно, од Македонското еколошко друштво (МЕД) со Националниот парк „Маврово“, со помош на кафез-замка заловија нова единка балкански рис на планината Бистра, во близина на селото Ростуше.
Тоа беше деветта различна единка рис заловена во рамки на истражувачките активности од Програмата за закрепнување на балканскиот рис кои МЕД систематски ги спроведува од 2010 година.
Според Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN), рисот е животно со критично загрозен статус.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа