Детали за големата рација во Македонија: Се откриваат фалс пари
Во тек е акција на МВР преку Бирото за јавна безбедност за откривање на фалс пари.
Според неофицијални информации во тек е голема меѓународна полициска акција на територијата на повеќе градови. Покрај зголемено присуство на македонски полициски службеници забележани се и полициски службеници кои носат амблеми на ЕВРОПОЛ или ИНТЕРПОЛ кои меѓусебно ги координираат активностите со своите колеги од Македонија. Според неофцијалните информации се бара поголема количина на фалсификувани евра и се работи на сузбивање на поголема меѓународна криминална мрежа која делува во повеќе држави.
Во игра е и откривање домашна печатница за фалсификувани евра или долари
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа