Сестрата на Фросина низ солзи: Ние бараме правда за Фросина не само од убиецот, туку и од таткото

 

Протест за смртта на младата Фросина Кулакова започна денеска во Кавадарци, а на собирот присуствуваше нејзината сестра, Росица. Со голема болка и преку солзи, таа изјави дека случајот треба да добие вистинска правна завршница.

„Ние бараме правда за Фросина не само од убиецот, туку и од таткото. Бараме да се затвори таткото, да одговара Зоран Јованов, како и судијката Даниела Алексовска Стојановска, кои не излегоа да покажат сочуство кон нашето семејство, туку кукавички се кријат и ја бришат својата јавна активност. Правда за Фросина мора да постои и овој случај не смее да се повтори“, изјави Росица.

02.02.2025 - 13:04

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега