ВИДЕО: Хеликоптер го надлетува Батинци по пукањето во кое убиен е 34-годишник

 

Истражители од Основното јавно обвинителство и МВР извршуваат увид на местото каде изутрината во престрелка беше убиено едно лице, а едно е рането. 

Во престрелката убиен е 34-годишник, а неговиот 31-годишен брат се бори за живот на Клинички. 

ТВ 21 објави видеа од местото на пукотницата. На едното се гледа како истражителите подигнуваат материјални докази, а на второто и полициски хеликоптер кој го надлетува реонот и трага по убијците.

Како што објави телевизијата, жртвите во моментот на пукањето биле во возило „форд“ со италијански регистарски таблички, а во нив било пукано од две маскирани лица од возило „мерцедес“. Според ТВ21 убијците веднаш побегнале во правец кон селото Драчевица.

Во официјалните информации кои ги објави МВР се вели дека пукотницата се случила во 09 часот и 25 минути.

-Во 09,25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв. На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје, велат од МВР.

01.07.2024 - 13:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега