Зад секое поубаво утро во Скопје стојат вредни раце и посветени луѓе кои секојдневно даваат сè од себе за нашиот град.
Денес имав чест да споделам заеднички ручек со нашите вработени, тивките херои кои со својата работа го градат, разубавуваат и унапредуваат Скопје.
Честа и задоволството беа мои!
Ви благодарам од срце за трудот, посветеноста и љубовта со која ја извршувате вашата работа. Вашиот придонес е бесценет, а мојата поддршка и заложба за вас ќе ги имате секогаш.
Ви благодарам за прекрасното попладне, за искрената дружба и за сè што правите за нашето Скопје, пишува на социјалните мрежи градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

