Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Нова голема инвестиција во Македонија – Мицкоски најави 2.000 работни места

    15.10.2026 во 10:06

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски: Македонија е лидер во спроведување на реформите од Планот за раст на ЕУ
    • Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ избра нови 59 претседателки на општинските комитети
    • Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска, одлуките ќе ги носиме внимателно и одговорно
    • Трамп: Егзекуцијата на Нидал Хасан нема да биде емитувана во живо
    • Путин со остра порака: Русија ќе возврати на украинските напади врз енергетската инфраструктура
    • ЈО: Билатерални средби со претставници на обвинителствата од Јужна Америка за соработка во борбата против трговија со луѓе
    • Кина: Луѓе заработуваат до 900 долари месечно учејќи роботи да чистат и мијат садови
    • Царинска драма во Келн: Пратка полна со смртоносни змии запленета во куфер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Македонија е лидер во спроведување на реформите од Планот за раст на ЕУ

    Николоски: Македонија е лидер во спроведување на реформите од Планот за раст на ЕУ

    15.10.2026 во 20:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија е апсолутен лидер во спроведувањето на реформите во рамки на Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан, а резултатите од реформските процеси веќе се преточуваат во конкретна финансиска поддршка за државата. Во ноември се очекува нова транша од 75 милиони евра да пристигне на сметката на македонскиот буџет, со што вкупните средства исплатени врз основа на спроведените реформи ќе надминат 225 милиони евра, истакна во вечерашното гостување во “Само интервју”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

    “Ако споредите со останатите земји во регионот, бенифициите се гледаат, вчера имамвме средба со евроамбасадорот Рокас, и веќе во месец ноември 75 милиони евра треба да легнат на сметка на македонскиот буџет. Преку 150 милиони евра веќе се легнат во буџетот, коишто се резултат на реформите коишто ги спроведуваме како дел од Планот за раст, а исто така користите и доста грант компоненти, еве на пример во мојот сектор го почнавме Кичево-Букојчани пред некој ден, 20 милиони евра имаме грант, го почнавме Скопје-Блаце пред месец дена, имаме 40 милиони евра грант, за третата фаза на железницата со Бугарија имаме 149 милиони евра грант”, посочи Николоски.

    Вицепремиерот се осврна и на можноста за дополнително зголемување на финансиската поддршка за земјите од регионот што спроведуваат реформи. Според неговите очекувања, сè поизразено е разграничувањето меѓу државите што напредуваат во реформските процеси и оние кај кои тој напредок изостанува.

    “Она на што јас се надевам, е дека веќе се направија две групи на земји во регионот. Едната е онаа коишто спроведуваат реформи, а тоа се: Македонија, Црна Гора и Албанија, и втората е оние коишто не спроведуваат реформи, а тоа се: Србија, Косово и Босна и Херцеговина. Идејата е средствата коишто беа предвидени за овие три држави, да дојдат на страна на Македонија, Црна Гора и Албанија, каде што ние би оделе над овие 750 милиони евра, коишто сега се предвидени”, рече заменик претседателот на Владата.

    Прочитај повеќе

    Нови 2.000 вработувања во Жабени: „Кромберг и Шуберт“ ќе произведува компоненти за Ауди

    15.10.2026 во 12:14

    Муцунски со убави вести: „Директна линија Дубаи–Скопје три пати неделно”

    15.10.2026 во 11:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.