Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: ДУИ обвинува за полициска бруталност

    09.10.2026 во 11:15

    ВИДЕО: Со албанско знаме го блокираше сообраќајот – Полицијата го пронајде лицето кое„глумеше шериф“ во Скопје

    09.10.2026 во 08:35

    Пред нас продолжен викенд, а потоа уште еден – На овие датуми ќе одмориме

    09.10.2026 во 08:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите на САД: Историјата ќе суди за овој момент
    • 10 професии што најчесто водат кон развод
    • Земете пример од нив: Ова се навиките на луѓето кои никогаш не се разболуваат
    • САД воведоа опсежни санкции против Меѓународниот кривичен суд
    • Димитриеска-Кочоска најави нова граѓанска обврзница до крајот на годината
    • Сообраќајка кај Кале, тешко повреден возач на мопед
    • Шакира и Пике повторно на суд
    • Силен земјотрес од 7,9 степени ја погоди Панама: Епицентарот во близина на Макаракас
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Герасимовски бара да се прогласи вонредна состојба

    (ВИДЕО) Герасимовски бара да се прогласи вонредна состојба

    21.10.2025 во 11:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот Горан Герасимовски, преку лајв видео информира дека пет дена ЈП „Комунална хигиена“ воопшто не се појавува на улиците во Центар за да го подигне сметот од улиците кадешто има надлежност. Тој, потенцираше дека утрово испратил допис до ЗЕЛС за итна седница кадешто ќе се побара решение за овој проблем. 

    „Ова ги надминува сите граници. Изминатите пет дена комуналното претпријатие воопшто не се појавува на улиците во Општина Центар и се соочуваме со огромни проблеми, а набрзо не дај боже и зарази. Нашите хигиеничари се во две смени, имаме дополнителна механизација којашто и во утринските и во вечерните часови е на терен и правиме сѐ да го расчистиме сметот и она што не го прави комуналното претпријатие веќе подолг период. Но, овие 5 дена како што кажав е навистина алармантно. Утрово пуштив допис до Управниот одбор на ЗЕЛС, се слушнав и со директорката на ЗЕЛС, побарав итна седница на ЗЕЛС кадешто ќе се побара решение на овој проблем“, рече Герасимовски. 

    Герасимовски, изјави дека разговарал и со неколку негови колеги од кои побарал дополнителна механизација за да го отстрануваат самите сметот, и ја повика Владата да размисли за вонредна ситуација. 

    „Разговарав со неколку мои колеги каде што побарав дополнителна механизација за да го отстрануваме самите сметот но, еве и јавно ја повикувам и Владата да размисли за вонредна ситуација, поради тоа што јавното комунално претпријатие и Град Скопје изминатите пет дена воопшто не се појавува на територија на Општина Центар за да го отстрани сметот од контејнерите. Нема да дозволиме ова да се случува на центарци, ќе направам сѐ, и јас и мојот тим на луѓе сето ова што се прави да престане. И затоа, уште еднаш пружам апел и до Владата, и до ЗЕЛС да ни помогне во овој дел, да се справиме заедно со сметот со којшто се соочуваме во Општина Центар“, посочи Герасимовски. 

    Прочитај повеќе

    Карпош одбележа 50 години постоење со традиционалните спортски игри за пензионери

    09.10.2026 во 19:34

    Инвестиција од 1 милион евра во Чаир: Во завршна фаза изградбата на новиот училиштен базен во ОУ „7 Март“

    09.10.2026 во 15:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.