Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вештачка интелигенција за попрецизни економски прогнози: Народната банка со свои истражувања во Базел

    Вештачка интелигенција за попрецизни економски прогнози: Народната банка со свои истражувања во Базел

    26.08.2026 во 10:162 Mins Read
    Народна Банка
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, учествуваше на 13. Биенална конференција на Комитетот на Ирвинг Фишер за статистика на централните банки (IFC), која се одржа во Базел во организација на Банката за меѓународни порамнувања (БИС).

    Конференцијата годинава беше посветена на унапредувањето на статистиката во централното банкарство преку поефикасно користење на податоците и примената на иновативни алатки.

    Митреска ја модерираше сесијата „Нови и експериментални податоци“, на која беа презентирани истражувања за користењето нови извори на податоци при процена на климатските ризици, како и примената на вештачката интелигенција во идентификувањето на недостатоците во статистиките поврзани со климатските промени и одржливоста.

    На конференцијата учествуваше и претставничката на Народната банка Даница Уневска Андонова, која го презентираше трудот „Прогнозирање на македонскиот БДП со економски показател изведен преку ChatGPT: докази од машинското учење“.

    Трудот, изработен со Магдалена Петровска, Неџати Куртиши и Елена Божиновска Стојчевска, покажува како алатките на вештачката интелигенција може да се користат за креирање економски показатели од одговорите во анкетите за очекувањата за растот на БДП и инфлацијата.

    Според Народната банка, ваквите пристапи може да овозможат побрзо и попрецизно следење и процена на економската активност во земјава.

    На конференцијата биле разгледани и теми поврзани со употребата на вештачката интелигенција за следење на инфлацијата, процената на климатските ризици за финансискиот систем, подобрувањето на квалитетот на економските податоци и користењето податоци од платежните системи за подобро разбирање на потрошувачката на домаќинствата.

    Од Народната банка оценуваат дека учеството на нејзините претставници на меѓународната конференција потврдува дека статистичката практика во земјава ги следи современите трендови во примената на податоците и вештачката интелигенција во централното банкарство.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај

    20.09.2026 во 15:48

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.