Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

  

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид.

Според пријавеното, вчера во 12.50 часот било пријавено дека кај крстосницата помеѓу улиците „Гоце Делчев“ и „Никола Петров Русински“ во Охрид се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(28) и велосипед, управуван од Е.С.(96), двајцата од Охрид.

Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Охрид. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.10.2020 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега