Велешка „Питијада 2024“ од 11 до 13 октомври

Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2024“ ќе се одржи од 11 до 13 октомври во Велес, информира градоначалникот на општина Велес Марко Колев.

Тој појасни дека подготовките се во тек, а повеќе детали ќе бидат објавени наскоро.

-Секој октомври сите патишта водат кон Велес на гурманска симфонија од вкусови, на највкусна велешка пита пастрмајлија и најдобри македонски вина, проследено со многу музика со настап на познати бендови и пејачи, најви Колев.

19.08.2024 - 18:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега