Цвета Ристовска избрана за нов заменик претседател на Антикорупциска

 

Државната комисија за спречување на корупцијата на 21. седница ја избра Цвета Ристовска за заменик претседател.

Ристовска ја презема функцијата од Билјана Каракашова Шулев на 21 август и ќе има мандат од шест месеци.

Заменик претседателот на ДКСК се избира по принципот на ротација по азбучен ред на период од шест месеци.

ДКСК е без претседател откако сега веќе поранешната претседателка Татјана Димитровска поднесе оставка по обвинувањата на Обвинителството за гонење организиран криминал и обвиненијата за две кривични дела и тоа за оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ, обвинет во „Адитив“, и за компјутерски фалсификат затоа што ревизор од ДЗР во нејзино име и го положил тестот за сертификат за државна тајна.

Собранието на 1 август годинава донесе Одлука за објавување на јавен оглас за избор на претседател. На јавниот оглас, кој завршува денеска, досега се пристигнати десетина кандидатури, но постапката ќе продолжи по 3 ноември, односно по завршување на локалните избори

15.08.2025 - 12:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега