Велес: 25-годишна девојка се бори за живот - партнерот ја претепал и пукал во стомакот
25-годишна велешанка со прострелна рана во стомакот рано изутрина е однесена во велешката болница, јавуваат локалните медиуми.
Инцидентот го потврдија и од СВР Велес од каде велат дека во неа пукал нејзиниот невенчан сопруг.
-Денеска во 07:47 часот во СВР Велес, од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека кај нив била донесена 25-годишна жена со повреди на телото нанесени од нејзиниот невенчан сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Велес.
Освен прострелна рана, девојката имала и видливи повреди на лицето кои личеле на повреди од тепање, пишува „Батали.нет“. Порталот пишува дека девојката била донесена во свесна состојба но одбивала да одговара на прашњата на докторите.
Девојката сега е пренесена на лекување во Скопје.
-Во 8:30 часот е примена 25-годишна девојка со прострелна рана во долниот дел на стомакот, по што е препратена во Ургентниот центар на хурушките клиники во Скопје, рече др. Елена Ќулумова, портпарол на велешката болница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа