Трагедија во Охрид: Загина млада жена на тротоар по удар од автомобил
Возрасно женско лице смртно настрада во сообраќајна несреќа што вчера вечерта околу 22 часот се случи во центарот на Охрид.
Според првичните информации, жената била прегазена на тротоар кога во неа удрило патничко моторно возило „Волксваген Голф“ со охридски регистерски таблички.
Несреќата се случила на кружниот тек на булеварот „Туристичка“ кај поранешниот Мини Маркет, кога возачот на „голфот“ преминал преку кружниот тек, ја пробил заштитната ограда, изгубил контрола и завршил на пешачката зона, притоа удирајќи во две лица. Тешко повредената 44-годишната охриѓанка им подлегната на повредите, додека нејзиниот сопруг после примената медицинска помош со телесни повреди своеволно ја напуштил болницата.
Причините за околностите што довеле до несреќата ќе ги утврди истрагата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа