Вечерва земјотрес во Струмица
Земјотрес со магнитуда од 2,2 степени според Рихтер вечерва беше почувствуван кај Струмица.
-Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 19 часот, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа, 120km југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Струмица. Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML2.2, а беше почувствуван од населението на Струмица, Валандово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, велат Сеизмолошката опсерваторија Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа