Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
    • Разорен ракетен напад врз Киев и 12 региони: Две лица загинаа, десетици повредени во ноќните напади
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Важна вест од УЈП: Отворена нова фаза за тестирање на системот за е-фактура

    Важна вест од УЈП: Отворена нова фаза за тестирање на системот за е-фактура

    04.06.2026 во 10:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Почнува третата фаза од проектот за е-фактура, во рамките на која Управата за јавни приходи (УЈП) овозможува тестирање на системот преку нова веб-апликација, со цел компаниите да добијат практична тест-околина за електронска размена на фактури, информираат од институцијата.

    Во првата фаза се тестираше интеграцијата на ЕРП-системите на компаниите со системот за е-фактура, додека во втората фаза беа воведени API-сервиси за преземање, прифаќање, одбивање и сторнирање на е-фактури, како и можност за тестирање на повеќе даночни индикатори. Во овој период беше направено и приспособување на структурата на API-повиците и JSON-форматот согласно новите спецификации објавени од УЈП.

    Во третата фаза се преминува на веб-апликација преку која секоја компанија – без разлика на големината – може да тестира креирање, испраќање, прифаќање, одбивање и сторнирање на документи. Апликацијата овозможува тестирање на општата фактура со 12 даночни индикатори, со што се обезбедува поедноставен пристап до системот за сите деловни субјекти.

    Од УЈП посочуваат дека со ова се овозможува постепена подготовка за целосна примена на системот за е-фактура во пракса.

    Во рамките на тестирањето се вклучени околу 200 избрани компании, кои во соработка со даночни агенти ќе спроведуваат структурирани тест-сценарија и ќе доставуваат повратни информации до Управата.

    УЈП информира дека континуирано се организираат едукативни средби со стопанските комори и деловната заедница, а досега се одржани околу 30 информативни сесии за презентирање на системот.

    Во наредниот период се најавуваат дополнителни средби, вебинари и детални упатства со цел полесно користење и тестирање на системот од страна на компаниите.

    УЈП ги повикува сите компании, вклучително и оние без назначен даночен агент, активно да учествуваат во тестирањето и да доставуваат предлози и забелешки за понатамошно унапредување на системот.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.