Поради претстојниот верски празник Богојавление (Водици), Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје информира дека во понеделник (19.01.2026 година), јавниот превоз ќе функционира според изменет режим. Најголемиот дел од линиите ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Исклучок од ова правило се линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои за празникот ќе возат според саботен возен ред.

Што се однесува до купувањето билети, на Водици дежурна ќе биде единствено билетарницата на Транспортен центар, која ќе работи со скратено работно време од 07:00 до 14:00 часот.

Exit mobile version