Вчера во 13:30 часот во СВР Битола, 83-годишник од Битола пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- Рокас: Нема влез во ЕУ без право на глас
- Нови детали за пожарот во „Пулс“: Прскалките се активирале „на копче“
- (ВИДЕО) Тешка сообраќајка во Скопје: Полициско возило се судри со автомобил на „Востаничка“
- Оливер Миланов: Идејата за гробишта на миленици е во напредна фаза – општините треба да одлучат за локации
- АЛКАЛОИД со рекордни консолидирани продажби од 339,3 милиони евра, извоз од 221,6милион евра и со инвестиции од 18 милиони евра во периодот јануари – декември 2025 г
- Хорор ден за скопјанец: Среде бел ден му го пресекол патот со автомобил и му вперил пиштол
- Падна инспектор – му помогнал на осомничен да сокрие докази
- „Вашата внука падна по скали, има тешки повреди“ – лажен лекар дошол на врата на битолчанец и земал 10 000 евра


