Денеска околу 11:30 часот се случи сериозна сообраќајна несреќа во која учествуваше возило на МВР.

Во судирот учествуваа полициска „Шкода Октавија“ и цивилна „Шкода Фабија“.

Возачот на полициското возило е повреден и итно е пренесен во Ургентниот центар при клиниките „Мајка Тереза“.

Увидот на терен е сè уште во тек! Во истрагата се вклучени Јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола при МВР.

Exit mobile version