Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известување од ЕВН Македонија, информира дека поради планирани технички интервенции во електросистемот, утре (26.02.2026) без електрична енергија ќе останат корисници во неколку општини.

Најраните прекини започнуваат во 04:00 часот наутро и ќе ги опфатат општините Чаир, Шуто Оризари и Бутел, додека во текот на денот прекини ќе има и во Центар, Карпош и Аеродром.

Рано наутро (од 04:00 до 08:00 часот):

  • Чаир: Населбите Север, Топанско Поле и дел од Чаир.
  • Шуто Оризари: Дел од општината.
  • Бутел: Населба Бутел и цел Визбегово (вклучително индустриската зона).

Во текот на денот:

  • Центар (07:30 – 15:30 часот): Дел од бул. „Теодосиј Гологанов“, Поликлиника „Идадија“, Веро маркет, АМСМ, Клуб на пратеници и околните објекти.
  • Аеродром (08:00 – 16:00 часот): Дел од ул. „Тодор Чангов“, ресторан „Мирко 919“, околните маркети и објекти.
  • Сингелиќ (09:00 – 13:00 часот): Дел од ул. „Финска“.
  • Карпош (11:00 – 14:00 часот): ул. „Крагуевачка“ бр. 9.
Exit mobile version