Продолжува сослушувањето на сведоците за една од најголемите трагедии во Македонија – пожарот во Кочани. Денешното рочиште откри нови детали за техничките услови во дискотеката „Пулс“. Сведокот Бојан Клименков, поранешен вработен во локалот, истакна дека критичната вечер забележал три прскалки кои веројатно биле активирани преку систем со копче, бидејќи никој не дошол физички да ги запали.

На прашањето за безбедносните излези, беше спомената врата која била заклучена, а за која претходно имало тврдења дека служела за евакуација на малолетници при полициски рации.

Огнот почнал од таванот веднаш по догорувањето на прскалките.

Гостите опишаа дека во метежот кај влезот имало меѓу 300 и 400 луѓе кои не гледале ништо од густиот чад.

Сведоците опишаа специфичен силен мирис во салата кој предизвикувал чувство на поспаност и губење свест.

Судењето се одвива под засилено полициско обезбедување, а следното рочиште е закажано за 5 март, кога ќе бидат сослушани нови сведоци на Обвинителството.

Exit mobile version