Акциите за собирање на говедата од Крива Паланка ќе продолжат и во наредниот период, вели во интервју за Прес 24, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, потенцирајќи дека проблемот е повеќегодишен и бара системско решение.
-Во моментов сите активности се на товар на Агенцијата, финансискиот дел, човечките ресурси, опремата и техничкиот дел. Ниту Општината, ниту некоја друга институција е вклучена во процесот. Клучно е да се најде системско решение за решавање на ово голем проблем пред кој многумина во минатото само замижувале. Полека оди процесот на собирање и подигнување на говедата за кои во изминатиов период нивните сопственици неадекватно и недоволно воделе сметка. Сега, оставени сами на себе низ годините животните се и неконттролирано размножени. Како институција се обидуваме да најдеме трајно решение за нив, вели Оливер Миланов, директор на АХВ, во интервју за Прес24.
АХВ изминатава година спровела голем број контроли на оператори со храна, акции кои даваат резултаи, но се уште има оператори со храна кои на еден или друг начин прават пропусти.
-Контролите даваат ефекти, но, и во светски рамки бизнисот со храна е исклучително динамичен. Така е и кај нас. Секојдневно се раѓаат нови субјекти на пазарот на кои им е потребна помош и едукација бидејќи неретко се прават и почетнички грешки во работењето. За “повторувачите” законот предвиудува и казни.
Генерално, наша цел како инстутуција не е да казнуваме, туку во соработка со операторите и граѓаните да создаваме услови за поголема безбеднсот на храната, за здрави животни, за подигнување на свесноста на граѓаните за важноста на безбедноста на храната и здравјето на животните, но и на бизнис зедницата, за нужноста од секојдневно подобрување стандардите во интерес на потрошувачите бидејќи и науката и институциите препознаваат едно здравје, вели Миланов во интервјуто.
Тој вели дека АХВ, посветила сериозно внимание за решавање на проблемот со закопувањето на домашните миленици, по нивната смрт. Идејата за гробишта за миленици е во фаза на реализација.
-Досега реализиравме неколку состаноци со клучните чинители – Министерството за локална самоуправа, ЗЕЛС, Град Скопје и со општините, бидејќи нивна е обврската и одговорноста соодветно да ја реалзиираат оваа идеа. Благодарни сме како институција бидејќи кај сите од нив наидовме на разбирање и поддршка. Претстои реализација на идејата која може да ја реши секоја општина одделно, или да се здружат неколку локални самоуправи (најчесто соседни).
Општините се тие кои треба да го реашат ова прашање и од аспект на избор на локацијата за изградба на гробишта за миленици и за инфраструктурните решенија, секако и за набавка на соодветна опрема и машини за тоа, вели во интервјуто за Прес 24, Оливер Миланов, директор на АХВ.
ПРЕС24: Вашето доаѓање на позицијата директор на АХВ го следи едно засилено темпо на ангажман на Агенцијата. Од досегашното искуство кои аспекти од работата на Агенцијата бараат најголем ангажман?
МИЛАНОВ: Aгенцијата за храна и ветеринарство е комплексна институција и од аспект на надлежноста и од аспект на бројот на сектори и одделенија во неа. Како институција интегрираме прашања од повеќе сектори поврзани со храната и нејзинатта безбеднсот и нивното влијание и на здравјето на луѓето и на животните. Делови од надлежноста се и оние кои преку водењето грижа за спроведување на законските и подзаконските акти од областа на нус производите од животинско потекло непосредно се однесуваат на прашањата поврзани и со животната средина.
Оние пак за здравјето на животните и нивната благосостојба непосредно не поврзуваат и со сточаскиот сектор кој во основа е во надлежност на Министерството за земјоделство, но и со ветерината. Затоа велам дека комплексни се прашањата на кои секојдневно работат вработените во Агенцијата, а во однос на тежината, како прв човек на АХВ секогаш се водам по народната – “Секоја планина со својата тежина”.
Оттука, нема лесни и тешки прашања. Ангажманот е подеднаков за сите кои се од надлежност на институцијата со која раководам бидејќи нема здрави луѓе, ако нема здрави животни и обратно.
Тоа е синергија, поврзан процес, најчесто зависен еден од друг. Граѓаните, нивното информирање и едукација се еден од темелите на кои исто така како одговорна институција посветуваме големо внимание во работењето. Најголемиот предизвик е координирањето на секторите, одделенијата и на вработените во институцијата воопшто, за да може еден вака комплексен систем соодветно да функционира и да дава услуги на граѓаните и на бизнис заедницата.
ПРЕС24: Минатата година имаше голем број контроли, кога станува збор за храната. Изречени беа и голем број казни. Дали зголемените контроли даваат ефект?
МИЛАНОВ: Секогаш повторувам дека не постои никаде во светот 100% безбедна храна. Инцидентни имало и за жал ќе има, бидејќи како и кај луѓето и во бизнис секторот има такви кои ги почитуваат законите и други кои тоа помалку го прават.
Впрочем, затоа и постоиме како институција. Да создаваме правила, но, и да контролираме дали тие и колку се почитуваат. Затоа, законски предвидени се и опомени, казни, наредби… Контролите даваат ефекти, но, и во светски рамки бизнисот со храна е исклучително динамичен. Така е и кај нас. Секојдневно се раѓаат нови субјекти на пазарот на кои им е потребна помош и едукација бидејќи неретко се прават и почетнички грешки во работењето. За “повторувачите” законот предвиудува и казни.
Генерално, наша цел како инстутуција не е да казнуваме, туку во соработка со операторите и граѓаните да создаваме услови за поголема безбеднсот на храната, за здрави животни, за подигнување на свесноста на граѓаните за важноста на безбедноста на храната и здравјето на животните, но и на бизнис зедницата, за нужноста од секојдневно подобрување стандардите во интерес на потрошувачите бидејќи и науката и институциите препознаваат едно здравје. Инпекциските служби на Агенцијата се постојано присутни на терен, а од година во година евидентираме се поголема дисциплина од страна на операторите со храна и тоа не радува како институција.
Минатата година ја заокруживме со спроведени над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита благосостојбата на животните. Под полна пареа работеа официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата во рамки на реализираните редовни, вонредни и засилени контроли во домашното призводство, прометот и во увозот.
Имплементирањето и одржувањето на процедурите на Добра хигиенска и Добра производствена пракса и НАССР системот за безбедност на храната, нејзиното соодветно означување, мониторирањето на храната од домашното производство и од увоз, здравствената заштита и благосостојба на животните, имаа централно место со контролите. Внатарешниот промет го покривме со над 47 илајди контроли, а повеќе од 78 илајди контроли беа спроведени на увозните пратки и пратките кои транзитираат низ земјава, со храна од животинско и неживотинско потекло, производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храната, добиточна храна и живи животни.
ПРЕС24: Кои оператори со храна се попроблематични, маркети или ресторани? Под проблематични подразбираме непосветување голема одговорност околу безбедноста на храната?
МИЛАНОВ: Секоја категорија оператори со храна има свои предизвици во работењето. Кај маркетите инспекциските служби најчесто евидентираат пропусти во однос на чувањето на храната, нејзиното означување. Рестораните повеќе работат со свежа храна и оттаму имаат поголем ризик во работењето. Кај нив, што е акцент и со секоја контрола примат имаат хигиенските стандарди.
Во последно време, подобрувањето во работењето на угостителскиот сектор е забележливо, а кај малите маркети во внатрешноста сè уште има простор за подобрување на контролните механизми.
ПРЕС24: Постојат ли случаи кога маркети, оператори на храна, лажно
декларираат рокови на траење?
МИЛАНОВ: Секако дека има и такви, ќе речам нечесни играчи, но, затоа сме ние тука да контролираме. Оние кои ќе се дрзнат на ваков прекршок ригорозно се казнуваат, затоа што свесно манипулираат и се обидуваат да си играат со здравјето на граѓаните. Ретки се таквите случаи, но, за жал постојат. Кога ќе се најдат вакви оператори, храната која била подложена на ваков тип на манипулација, задолжително веднаш се повлекува од промет доколку веќе се нашла на рафтовите, или од магацините.
ПРЕС24: Во минатото имаше многу идеи, што да се прави со храната со поминат рок низ маркетите. Размислувате ли за некакви нови законски решение во погед на тоа?
МИЛАНОВ: Во врска со донацијата на храна се уште немаме таков закон. Согласно Законот за безбедност на храна, храната со изминат рок е небезбедна и таквата храна не може да се користи за исхрана. Како небезбедна таа се уништува на овластена депонија.
ПРЕС24: Од оваа година на сила се законски измени во поглед на начинот на поднесување пријави до АХВ. Што подразбира тоа дека Агенцијата нема да постапува по анонимни пријави?
МИЛАНОВ: Од 1 јануари годинава стапи на сила новиот Закон за инспекциски надзор според кој, согласно членот 62 став 3, инспекциските служби нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за спроведување на инспекциски надзор. Законот се однесува на постапувањата на сите инспекциски служби, не само на АХВ, но, ние како транспарентна институција решивме да ја информираме јавноста дека за прашањата кои се од делокруг на Агенцијата нема да постапуваме по анонимно поднесените иницијативи. Секако, кога зборуваме за анонимноста таа останува и важи и во поглед на постапувањето на инспекциските служби, односно, подносителот на иницијативата останува анонимен во однос на оној против кого е поднесена претставката. Впрочем на тоа инспекторите ги обврзува законот, во спротовно, за оддавање на име на подносител, кривично се одговара.
Постапувањето по иницијативите кои се уредно поднесени (не се анонимни и се комплетни) ќе се реализира согласно Процедурата за постапување по иницијативи за инспекциски надзор на Агенцијата за храна и ветеринарство. Покрај постоечкиот начин на поднесување на иницијативи (лично, преку бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22, електроински на info@fva.gov.mk, pretstavki@fva.gov.mk, сега иницијатива може да се поднесе и директно преку интернет страната на АХВ (www.fva.gov.mk), преку формата ПОДНЕСИ ПРЕТСТАВКА.
Подносителите на иницијативи треба да знаат дека истата мора да ги содржи основните елементи за да може да се постапува по неа – назив на инспекцијата до која се поднесува, име, презиме и адреса на подносителот, односно, назив и седиште на правното лице, законски застапник или полномошник доколку го има, краток опис на повредата и назначување на субјектот кај кој се бара вршење на инспекциски надзор.
Нецелосната и нејасната иницијатива нема да се отфрли доколку не е анонимна туку истата ќе се врати до подносителот кој ќе треба да ја дополни и појасни во рок кој не е подолг од 7 дена. Само доколку подносителот не ја дополни иницијативата во определениот рок ќе се смета дека истата е повлечена. Новиот начин на поднесување иницијативи за институцијата ќе значи намалување на трошоците и од аспект на ангажирање на човеки потенцијал и од материјален аспект.
ПРЕС24: На пазарот во Македонија има многу домашна храна, пијалаци кои ги произведуваат земјоделци, но кои сеуште на пример не поминале условно кажано проверки и сертифицирање од Агенцијата. Како да се мотивираат земјоделците да ги направат тие приецеси?
МИЛАНОВ: Државата ја препозна потребата од регулирање и на овој тип на производство и продажба на производи од куќен праг. Агенцијата ја заокружи легислативата и создаде услови за легално вклучување на овој тип производители кои ги продаваат своите производи од куќен праг. Донесени се законските и подзаконски акти кои ја доуредувааат оваа материја. Тие даваат основа за легализирање на производството и трговијата со мали количини производи од животинско и од неживотинско потекло, водејќи сметка за основните безбедносни критериуми кога е храната во прашање. Со Правилниците се дефинираа барањата, условите и хигиената за производство и ставање во промет на храна од животинско и неживотинско потекло наменета за директно снабдување на крајниот потрошувач, како и за онаа храна која има традиционални карактеристики, но, се работи за мали количини примарни производи со традиционални карактеристики и локализирана активност на производство.
Подзаконските акти предвидуваат отстапки од посебните мерки за хигиена, не доведувајќи ја во прашање безбедноста на производите, воспоставувајќи ја нивната следливост. Станува збор за производи кои имаат голема додадена вредност и тие до крајниот потрошувач можат да се пласираат од страна на примарните производители без да зависат од откупувачите, поттикнувајќи го развојот на руралните средини, стимулирајќи го развојот на малите бизниси со храна, креирајќи и нови работни места.
Правилниците, Агенцијата за храна и ветеринарство ги подготви во соработка со невладиниот сектор, науката и државните институции непосредно вклучени во синџирот на храна.
ПРЕС24: Што предвидуваат административните процедури за тоа. Скап ли е тој процес за контрола на квалитетот на храна, пред да биде пуштен во продажба, или земјоделците се недоволно информирани?
МИЛАНОВ: Не би рекол дека станува збор за скап процес. Не се комплицирани ниту административните процедури. Токму затоа бројот на ваквиот тип производители се зголемува, а тоа го потврдуваат и големиот број саемски манифестации каде се тие се поприсутни со своите производи. Повеќе би рекол дека станува збор за недоволна информираност, иако и ние како институција во соработка со неколку други институции непосредно поврзани со работата на оваа категорија земјоделци и производители, досега сме одржале голем број информативни кампањи и работилници. Отворени сме за соработка и секојдневно излегуваме во пресрет на секој заинтересиран за оваа работа. Заинтересираните слободно нека се обратат до нас.
ПРЕС24: Град Скопје неодамна најави иницијатива за изградба на гробишта за миленици. До каде е тој процес, што тој изискува?
МИЛАНОВ: Ова е прашање на кое во изминативе години многу се дискутирало, а ништо не се сработило. Станува збор за иницијатива на Агенцијата за храна и ветеринарство за регулирање на прашањето за закопување на домашните миленици, кои сега по нивната смрт несоодветно се третираат, поточно најчесто завршуваат погребани или закопани на јавни површини каде никако не им е местото, а неретко и во комуналниот отпад. Сериозно се посветивме на решавање на овој реален проблем.
Досега реализиравме неколку состаноци со клучните чинители – Министерството за локална самоуправа, ЗЕЛС, Град Скопје и со општините, бидејќи нивна е обврската и одговорноста соодветно да ја реалзиираат оваа идеа. Благодарни сме како институција бидејќи кај сите од нив наидовме на разбирање и поддршка. Претстои реализација на идејата која може да ја реши секоја општина одделно, или да се здружат неколку локални самоуправи (најчесто соседни). Општините се тие кои треба да го реашат ова прашање и од аспект на избор на локацијата за изградба на гробишта за миленици и за инфраструктурните решенија, секако и за набавка на соодветна опрема и машини за тоа.
ПРЕС24: Од неодамна повторно е актуелн случајот со кравите во Кривопаланечко. Има ли начин за трајно решение на овиј проблем?
МИЛАНОВ: Акциите за собирање на говедата од Крива Паланка ќе продолжат и во наредниот период. Проблемот е повеќегодишен. Во моментов сите активности се на товар на Агенцијата, финансискиот дел, човечките ресурси, опремата и техничкиот дел. Ниту Општината, ниту некоја друга институција е вклучена во процесот. Клучно е да се најде системско решение за решавање на овој голем проблем пред кој многумина во минатото само замижувале. Полека оди процесот на собирање и подигнување на говедата за кои во изминатиов период нивните сопственици неадекватно и недоволно воделе сметка. Сега, оставени сами на себе низ годините животните се и неконттролирано размножени. Како институција се обидуваме да најдеме трајно решение за нив. Во меѓувреме работиме на нивно собирање, но, постојано сме изложени на предизвици – непристапен терен и често и агресивно однесување на поранешните сопственици, за што реагира и полицијата.
Основно е наоѓање на системско решение за проблемот кое ќе значи неможност вакви случаи да ни се повторуваат и во иднина.


