Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

 

Екипата на Вардар е прв финалист на Меѓународниот ракометен турнир Струга, откако вечерва повеќе од убедливо го совлада шведскиот тим Ескилстуна Гуиф со 32 :18 (14:07).

Вардарци сериозно му пристапија на натпреварот, ја имаа контролата на резултатот во текот на целиот меч и утре ќе го бранат минатогодишниот трофеј на Струшкиот ракометен турнир.

Најдобар стрелец во екипата на Вардар беше Ашраф Маргели со седум погодоци. Противник на вардарци во утрешното финале ќе биде подобриот од дуелот што е во тек меѓу Еурофарм Пелистер и ПАОК.

16.08.2024 - 21:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега