Минималните температури утринава се спуштија до -4°C во Берово, -3°C во Попова Шапка, -2°C во Маврови Анови, Битола и Струмица, и -1°C во Скопје-Петровец, Охрид, Тетово, Крива Паланка и Крушево. Температурата се движеше околу нула степени во Демир Капија, Претор, Прилеп, Велес и Пожаране, додека во Ѓуриште, Виница, Кавадарци и Гевгелија утринава беа измерени 2°C. Најтопло беше во Куманово, Штип и Скопје-Зајчев Рид со 3°C.

Според информациите од Управа за хидрометеоролошки работи, на Попова Шапка е забележана и најголемата снежна покривка во земјата, која изнесува 88 сантиметри.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на некои места долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, особено претпладне. Максималната температура ќе се движи од 9 до 16°C.

Во Скопје, денот ќе биде сончев со мала до умерена облачност, со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 14°C.

Exit mobile version