Close Menu
Press24
    Најново

    ВИДЕО: Претрес во Скопје – Полицијата откри поголема количина дрога

    09.07.2026 во 09:44

    ФОТО: Позната актерка почина на 44 години, зад себе остави 11-годишен син

    09.07.2026 во 09:39

    Левица по седницата на Уставен: Утврдена нееднаквоста, но нема одлука

    09.07.2026 во 09:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВИДЕО: Претрес во Скопје – Полицијата откри поголема количина дрога
    • ФОТО: Позната актерка почина на 44 години, зад себе остави 11-годишен син
    • Левица по седницата на Уставен: Утврдена нееднаквоста, но нема одлука
    • Муцунски: Македонија останува активен партнер во зајакнувањето на безбедноста на НАТО
    • ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата прво се договори, па го блокираше Изборниот законик
    • И ја однеле чантата полна пари и документи – Уште една жена ограбена во Скопје
    • Македонски Концепт бара тргање на „Северна“ од внатрешна употреба
    • Филипче: Пензионерите се украдени – Државата нема пари за плати и социјална помош
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Утрово измерени -4 степени, делови од Македонија се разбудија со минусни температури

    Утрово измерени -4 степени, делови од Македонија се разбудија со минусни температури

    23.04.2026 во 09:191 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија денеска се разбуди со значителни температурни разлики, при што на повисоките места сè уште владеат услови блиски до зимските. Утринава најстудено беше на Попова Шапка, каде се измерени -4 степени Целзиусови. Низ останатите делови од земјата температурите се движеа од -1 во Маврови Анови, до 8 степени во Гевгелија.

    Изминатите 24 часа беа обележани и со врнежи од дожд, при што најмногу дожд наврна во Битола – 14 литри на метар квадратен, а следуваат Демир Капија со 13 литри, додека Гевгелија и Попова Шапка забележаа 11 литри.

    Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во источните делови од државата постојат услови за појава на слаб локален дожд. Метеоролозите најавуваат и умерен, а повремено засилен ветер од северен правец.

    Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 12 до 18 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви интервали и умерен северен ветер, а максималната температура ќе достигне до 18 степени.

    Прочитај повеќе

    ВИДЕО: Претрес во Скопје – Полицијата откри поголема количина дрога

    09.07.2026 во 09:44

    Левица по седницата на Уставен: Утврдена нееднаквоста, но нема одлука

    09.07.2026 во 09:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.