Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 06.02.2023 (понеделник) во официјалана посета на Република Северна Македонија ќе пристгне претседателката на Унгарија, Каталин Новак.

Од тие причини СВР Скопје – Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

05.02.2023 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега