Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, во текот на утрешниот ден, 9 октомври, без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски населби.
Во периодот од 09:00 до 11:00 часот, без напојување ќе бидат корисниците од улиците „Горно Лисиче“ и „Божин Николов“ во Аеродром.
Од 10:30 до 15:30 часот, прекин на електричната енергија ќе има на улицата „Караџица“ во населбата Пржино, во општина Кисела Вода.
Во периодот од 13:05 до 15:05 часот, без електрична енергија ќе останат делови од улиците „Банско“, „Кратовска“ и „Рилски Конгрес“, во близина на раскрсниците со улицата „Банско“.

