Поради реализација на планирани технички интервенции во електросистемската мрежа, утре (11 јуни 2026 година) без снабдување со електрична енергија ќе останат корисници од повеќе скопски општини и околни населени места.

Во општина Чаир, во периодот од 07:30 до 15:00 часот, прекин ќе има во Старата скопска чаршија, поточно на делови од улиците „Покриена чаршија“ и „Ковачка“.

На подрачјето на општина Сарај се планирани неколку прекини. Од 08:00 до 14:00 часот струја ќе нема во село Рашче, Хлорна станица Рашче, село Бојане, село Копаница и дел од село Кондово. Подоцна, од 09:00 до 12:30 часот, без напојување ќе останат и село Кондово, дел од село Волково, село Кучково, како и селата Радуша, Рашче, Бојане, Копаница, Горно Свиларе и Долно Свиларе.

Во општина Кисела Вода (населба Драчево), од 08:30 до 15:30 часот, без струја ќе биде дел од улица „Стари Новаќина“.

Најголем дел од прекините се однесуваат на селата во регионот на Зелениково и околината, каде од 08:00 до 16:00 часот струја ќе нема во следните места: Кадина Река, Добрино, Гумалево, Смесница, Страхојадица, Тисовица, Дејковец, Ново Село, Градовци, Вражале, Пакошево, како и во самото село Зелениково.

Exit mobile version