Планинските региони во западните делови од Македонија попладнево се зафатени од нестабилна маса која носи врнежи и грмежи, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Од УХМР информираат за моменталната состојба на теренот и правецот на движење на облачноста:

„Според радарската слика нестабилност имаме во планинските региони во западните делови. Северозападно од Македонски Брод има развој на нестабилна облачност со правец на движење северозапад-југоисток од која има пороен дожд.“

Освен во околината на Македонски Брод, нестабилно е и во Кичевско, каде што е регистриран „пороен дожд и појава на грмежи источно од Кичево“.

Exit mobile version