Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево издаде вонредно предупредување за силна метеоролошка нестабилност која зафати делови од земјава.
Според официјалните информации од УХМР, „помеѓу Тетово и Скопје има јака нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град“.
Паралелно со ова невреме, промена на времето е регистрирана и во источниот дел на Македонија. Од Управата информираат дека „умерени врнежи има во Крива Паланка и околината“.


