Нов бран на силна метеоролошка нестабилност попладнево зафати повеќе региони низ државата. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде итно предупредување за развој на опасни атмосферски процеси во неколку подрачја.

Според официјалните податоци, најкритична е состојбата на југот и во централниот дел на земјава. Од УХМР алармираат дека е регистрирана „поинтензивна нестабилност во Мариовскиот регион и источно од Прилеп“.

Најновите сателитски и радарски мерења на метеоролозите покажуваат дека процесите се пропратени со силен ветер и електрични празнења.

  • Според радарската слика имаме слаби до умерени врнежи од дожд во западните делови. Источно од Кратово има пороен дожд и појава на грмежи, а југоисточно од Прилеп, во Мариовскиот регион пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град – се наведува во соопштението на УХМР.

На граѓаните и возачите кои се движат низ овие региони им се препорачува крајна претпазливост поради можноста од локални поројни поплави и силен ветер.

Exit mobile version