Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави официјалните податоци за измерените температури во 14 часот (12:00 UTC) низ земјава, како и количината на врнежи за изминатите шест часа.

Според мерењата, Велес е најтоплиот град во Македонија со измерени 33.4 степени. Веднаш зад него се Кавадарци со 32.8, како и Демир Капија, Гевгелија и Скопје (Петровец) со измерени 32.5 степени. Во Штип се измерени 31 степен, во Струмица 31.3, додека во Охрид температурата достигнала 23.9 степени.

Најниска температура во 14 часот е измерена на Попова Шапка, каде термометарот покажал 16.2 степени. На оваа мерна станица е регистрирана и најголема количина на врнежи во изминатите 6 часа, односно 2.0 литри на квадратен метар . Врнежи се забележани уште и во Маврови Анови (0.4\ l/m2) и во Крушево (0.1\ l/m2).

Exit mobile version