Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нападнат вработен во бензинска пумпа
    • „Гугл“ казнет со 403 милиони евра за следење на локацијата на корисниците
    • Софија Лорен го слави 92. роденден: Еден маж го одбележа целиот нејзин живот
    • Мисајловски: Зацврстувањето на одбранбените односи е уште еден силен импулс за јакнење на регионалната безбедност
    • Почина синот на Синди Крафорд, манекенот Пресли Гербер, имаше 27 години
    • Мицкоски разговараше за вложувања на американската воена индустрија
    • На тезга продавал пиротехника – заврши во станица
    • Невиден ужас во Австралија: Мајка избоде три деца – едното почина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Избрана најповолна понуда за 150 електрични автобуси: Условите ги исполниле две компании, најниска цена понудиле „IKARUS Electric“ и EVN

    Избрана најповолна понуда за 150 електрични автобуси: Условите ги исполниле две компании, најниска цена понудиле „IKARUS Electric“ и EVN

    23.07.2026 во 16:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Четири компании се јавиле на Јавниот повик за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, информираат од Министерството за транспорт.

    Според евалуацијата, условите за учество ги исполниле две компании, додека Xiamen Golden Dragon Bus Co, Ltd и YES -EU DENMARK A/S YUTONG не ги исполнувале бараните критериуми.

    Најповолна понуда на одржаната електронска аукција доставиле од IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со EVN.

    „По спроведенета евалуација на понудите, Комисијата за јавни набавки утврди дека од вкупно четирите доставени понуди, согласно критериумите утвредни со Јавниот повик, два економски оператори ги исполнуваат условите да учестувуваат на електронската аукција, согласно член 59 од Законот за јавни набавки (јавното надавање) што се оддржа денеска и тоа: BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi и IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со EVN. Според одржаната електронска аукција, најниска цена достави компанијата IKARUS Electric Zrt во заедничката понуда со EVN и тоа од 3 120 956 004 денари без ДДВ, односно 19 796 924 денари без ДДВ по единица автобус и 2 018 899 без ДДВ по единица станица за полнење, велат од Министерството за транспорт.“

    Комисијата надлежна за спроведување на јавната набавка веќе предложила избор за најповолен понудувач, по што тече рокот за жалба од десет дена.

    Од ресорното министерство ги појаснуваат и точните рокови и динамиката според која треба да се изврши испораката на новите возила и полначи.

    „По склучување на Договорот, најповолниот понудувач е должен да изврши испорака на автобусите и станиците за полнење по следната динамика: 30 електрични автобуси и 15 станици за полнење да се достават во рок не подолг од шест месеци од денот на склучување на договорот, 60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од дванаесет месеци од денот на склучување на договорот и 60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од осумнаесет месеци од денот на склучување на договорот, информираат од Министеството за транспорт.“

    Прочитај повеќе

    Мицкоски разговараше за вложувања на американската воена индустрија

    21.09.2026 во 22:51

    Божиновска: Ако цените на горивата продолжат да растат ќе преземаме нови мерки

    21.09.2026 во 12:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.