На 3 октомври, во 13:20 часот, во Полициската станица Гостивар било пријавено од Ургентниот центар во Гостивар дека кај нив било донесено повредено лице.
Полициски службеници утврдиле дека 26-годишниот Н.Ј. од селото Здуње се повредил при извршување работни задачи во својот локал во селото, откако паднал од скеле.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гостивар.

