Управата за извршување санкции влезе во Шутка: Недостасувале над 10 затвореници - ги барале по телефон за да се вратат
Повеќе од 10 затвореници недостасувале синоќа во затворот во Шутка, дознава „Press24“.
Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов заедно со инспектори од управата цела ноќ биле во затворот. Над 10 затвореници не биле во своите ќелии, па телефонски им било јавувано да се вратат назад.
Пандов во изјава за „Press24“ вели дека освен тоа, утврдени се низа неправилности. Деталите за тоа ќе ги објави в понеделник
-Над 10 затвореници не беа во своите ќелии. За мене неверојатно, но вистинито. Јас не бев таму сам, бев со инспекторки од УИС. Направен е записник. Дел од нив преку телефон биле информирани и во одреден период после час, два, се појавуваа некои од нив. Јас колку што сум информиран сабајле во полиција е пријавено само едно, ама беа многу повеќе од 10. Не беше едно, тоа едно лице веројатно ниту сабајле се нема појавено, па затоа едно е пријавено во полиција од страна на Затворот Скопје, вели Пандов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа